Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Date:

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра и желба за победа, а истото се потврди и на последниот дуел, на кој проследивме физичка пресметка меѓу Абдулаје Дукуре и Куртис Џонс. 

Двајцата се степаа веднаш по завршувањето на мечот, по што притрчаа и други играчи кои направија дополнителна мешаница, па затоа главниот судија Мајкл Оливер мораше да реагира со два црвени картони. 

За среќа, ситуација не ескалираше дополнително и потоа страстите се смирија, а Ливерпул мораше да се помири со реми, иако имаше водство скоро до последната секунда од натпреварот. 

Екипата на Ливерпул испушти водство во 98. минута од големото градско дерби против Евертон и ремизираше со конечни 2-2 (1-1) во последниот меч меѓу вечните ривали кое се игра на легендарниот „Гудисон Парк“. 

„Црвените“ на тренерот Арне Слот не започнаа најдобро, домаќините поведоа во 11. минута преку Бето, но одговорот дојде пет минути подоцна, кога Мохамед Салах асистираше за Алексис Мек Алистер, кој воедно го постави и резултатот на паузата меѓу двете полувремиња (1-1). 

Вториот дел донесе тврда игра со ангажиран пристап на средината од теренот за двете екипи. „Карамелите“ се обидоа да дојдат до ново водство, постигнаа и гол кој беше поништен поради офсајд, но набргу потоа на сцената повторно стапи египетскиот „фараон“, кој начека една топка и со шут од десната страна ја смести во мрежата на Џордан Пикфорд. 

Ливерпул поведе со 1-2 во 73. минута и се чинеше дека полека го фати потребниот моментум за заокружување на триумфот. Фаворитот се обиде рутински ја доработи задачата и да ја врати предноста од девет бода пред второпласираниот Арсенал, но во 98. минута дојде чудо за домашните навивачи. 

Џејмс Тарковски успеа да ја затресе мрежата на Алисон Бекер, по што следуваше ерупција од трибините, а дел од фановите влетаа и во теренот. ВАР-собата прегледуваше можен офсајд, но голот беше регуларен и започна славјето на „карамелите“, кои сега стигнаа до 27 бода и за момент го запреа вечниот ривал во походот кон нова шампионска титула. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...