Сто книги стари над 100 години во библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарско Бабино

Date:

Македонската и светската јавност недоволно ја користи приликата да ги погледне ретките и уникатни книги кои постојано се изложени во библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарското село Бабино.

Стево Степановски, сопственик на библиотеката, за МИА вели дека честопати не сме свесни со колкави богатства располагаме, а тоа што неговите претци го оставиле, за него освен што е аманет,  е и обврска да му соопшти на секој љубител на книгата, дека токму тука, во селото Бабино, во библиотеката „Ал-Би“ има повеќе од 100 книги стари над 100 години. 

– Во библиотеката има над 20.000 книги, а двете најстари се напишани и отпечатени пред повеќе од 600 години и се донесени од Дамаск. Првата книга е напишана на хиџра јазик, а втората на стандардниот урду јазик, еден од дваесетте најзастапени јазици во Индија. Книгите ги купил мој прадедо од антикварници и освен од Дамаск, во библиотеката има книги од Техеран, Истанбул и други светски познати градови. Затоа чести гости во нашата библиотека се љубители на книгата од Либан, Сирија, а посебен тим од Колумбија наскоро во селото Бабино ќе снима филм, истакнува Степановски.

На полиците од библиотеката се забележуваат книги на старотурски, арапски, персиски, англиски, италијански, германски, француски, српски, македонски јазик….

-Деновиве посебно интересна за јавноста беше книгата „Македонија“ отпечатена пред повеќе од 100 години, односно во 1920 година во издавачката книжарница „Напредок“ во Панчево. Во книгата може да се прочитаат статистички податоци, а вниманието го задржува и книгата „Велешки Манастир – Свети Димитрија“ отпечатена во Скопје, точно пред 100 години, односно во 1923 година. Непријатно е кога се набројува за да не се пропушти некоја книга, наслов, но ќе ја издвојам и книгата „Славјанска прочит“ која е печатена во 1894 година во книжарницата на Иван Хаџи Николов, револуционер, книжар и трговец, еден од основачите на Македонската револуционерна организација, појаснува Степановски.

Разгледот низ библиотеката и нашиот фотообјектив се задржаа на ретките уникатни книги и речници од Лисабон, Виена, но и публикуваното ремек дело „Боеми“ на Џакомо Пучини.

-Публикацијата „Боеми“, познатото дело на Џакомо Пучини го купи мојот дедо при посета на една антикварница во Берн. Публикацијата е оригинален примерок печатен во Милано во 1897 година, односно една година по премиерата на „Боем“ во 1896 година. Првото издание на оваа публикација се наоѓа во Милано, Лондон, Парис, Неапол, Рим, Лајпциг, Буенос Аирес, Њујорк….и замислете и во демирхисарското село Бабино, нагласува Степановски.

Книгите грижливо се чуваат и не се оштетени ниту од забот на времето иако некои се стари 600 години. За книгите се интерсираат луѓе од различен профил и професија, а чести истражувачи и афирматори се новинарите.

-Неодамна во библиотеката беа новинари од Франспрес, како и од една грчка новинска агенција, а благодарение и на вашата МИА, за ова вредно богатство се дознава на сите страни во светот. Секој треба да знае дека тука има над 100 книги стари повеќе од 100 години, а меѓу нив ги чуваме првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на весникот „Нова Македонија“, првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“, како и Зборникот на народни песни на браќата Миладиновци, печатен во 1891 година, вели Степановски.

Библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарското село Бабино почна со подготовки на ретка изложба, промоција на 400 речници, некои стари и 400 години.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џамбалаја

Состојки:1 парче пилешки гради150 гр. сушени колбаси200 гр. ракчиња2...

Левица поднесе Декларација за признавање на Палестина во македонското Собрание

„Пратеничката група на Левица денес ја поднесе декларацијата за...

Гајдов: Без правна држава нема да мрднеме чекор напред

Фон Бизмарк вели кој го владее Вардар тој е...

Македонија никако да ја исфрли пластиката

Пластични лажички, чаши, вода во пластични шишиња мали шеќерчиња....