Стојко Стојков: Тензиите би биле во корист на бугарската антимакедонска политика и на штета на Македонија

Date:

Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илиден Пирин вели дека во сабота тој лично не доаѓа во Македонија, да положи цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев во Скопје, но објаснува дека има Македонци од Бугарија кои се спремаат да допатуваат. Сепак, дали сигурно ќе дојдат и во колкав број, тој не знае и не може да потврди.

Смета дека доколку се случат тензии и немири, тоа ќе биде на штета на Македонија. Не ја исклучува можноста дека сето ова е можеби е однапред испланирано сценарио.

„Знам дека луѓе се спремаа да дојдат, но не знам што ќе биде. Тензиите би биле во корист на бугарската антимакедонска политика и на штета на Македонија. Ќе бидат користени за нови уцени против Македонија и за оправдување на бугарската политика против Македонија. Тоа е свесна провокација за да се предизвика реакција од Македонците, која понатаму да биде претставена за антибугарска, како со клубовите“, вели Стојков.

За тоа дали е можно Бугарија да стави вето на македонските преговори со Европската Унија(ЕУ), ако се случат инциденти на гробот Делчев, додава дека сè е можно.

Засилено полициско присуство изминатите денови има околу црквата Свети Спас,  во пресрет на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Заменик-началникот на бугарската полиција Станимир Станев потврди дека се во контакт со македонските колеги, со цел да нема провокации. Ветено било дека ќе има драконски мерки, со проверка на различни места за да нема немили настани. Бугарија претходно го блокираше евроинтегративниот процес на Македонија, а сега одредени политичари во Бугарија, како Слави Трифонов бараат Бугарија да заземе ист став кон нашата земја. Македонците од Србија најавија дека ќе дојдат на 4 февруари во Скопје и дека нема да дозволат бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да се приближи до гробот на Делчев, затоа што тој претходно се закануваше на македонскиот претседател Стево Пендаровски, а воедно дојде во Македонија да оддаде почит на Мара Бунева и извикуваше антимакедонски пароли среде Скопје.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...