Стопирани вработувањата по етнички клуч

Date:

Сите вработувања по етнички клуч и официјално се прекинати. Министерството за јавна администрација им даде насоки на институциите, како да постапуваат додека Уставниот суд не пресече дали балансерот се коси со уставот. Додека оваа алатка е „замрзната“, актуелните огласи каде што е наведено дали вработениот треба да биде Македонец, Албанец, Турчин или од некоја друга етничка заедница се поништуваат.

„Во врска со решението на Уставниот суд од 18 септември 2024 година Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор. Веќе започнатата постапка за вработување ќе продолжи ако во јавниот оглас за вработување не наведена припадност на заедница и ако кандидатот не се обврзува во пријавата да истакне припадност на заедница. Во Регистарот на вработени во јавниот сектор не се евидентираат податоците за вработените во институциите“, соопштиja Министерството за администрација.

Етничките вработувања се плод на Охридскиот рамковен договор, и беа спорни за повеќето уставни судии. Токму поради ова, пред десетина дена Уставниот суд донесе одлука да се замрзне балансерот. Ова решение беше постигнато по дебатата која помина во знакот на тензии и препукувања, а најгласни беа судиите Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари. Тие тогаш предупредија дека ова може да предизвика меѓуетничка нетрпеливост.

Дека балансерот долго време беше злоупотребуван е веќе консолидиран став во владината коалиција. Од Вреди најавија дека ќе иницираат носење на нов закон за „правична застапеност“.

Инаку, укинување на балансерот беше предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Христијан Мицкоски во повеќе наврати предупреди дека се потребни длабински реформи во јавната администрација која треба да биде во служба на граѓаните. Унапредувањата и вработувањата да се темелат на квалитет, знаење, посветеност ако сакаме да одиме напред.

И ставот на повеќето експерти е дека балансерот како алатка е спротивна на голем број закони, акти, конвенции во рамки на Европската унија и нејзините институции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...