За време на Втората светска војна Бугарија беше фашистички окупатор, а и денес не се покажуваат како добри соседи, изјави претседателот на боречката организација Никола Стојановски, кој беше борец во Народно ослободителната борба и кој неодамна го прослави својот стоти роденден. „Ден денес Бугарија не го прави тоа што треба да го прават како сосед, но да се надеваме дека тоа ќе се поправи, затоа што мора да се живее со соседите, да се соработува со соседите. Мора да се работи за напредок“, им изјави Николовски на новинарите по завршувањето на прославата на Денот на победата над фашизмот организирана пред споменикот на Ослободителите на Скопје.
Дали Бугарија треба да се извини за окупацијата на Македонија и злосторствата што ги направи нејзината фашистичка војска, Стојановски вели дека тоа треба од нив самите да си дојде.
„Верувам дека тоа ќе се поправи. Со соседите треба да се живее добро, тоа е многу важно. Како што треба да живееме добро со соседите, тоа важи и за државите кои се соседи“, нагласува Николовски.
Стојановски додаде дека Денот на победата над фашизмот е славен ден за нас, за сите граѓани на Македонија.
„Не треба да зборавиме на овој ден никогаш оти тоа е и славен ден за сите народи од демократските земји“, рече тој и порача дека е потребна соработка меѓу народите и постојано да се потсетуваме на значењето на 9 Мај, а тоа особено важи за младите генерации кои треба да продолжат да ги надоградуваат нивните традиции.
„Старите го направиле тоа што можеле да го направат, а младите генерации треба да се угледаат на тоа, да учат добро, да работат добро, да им помагаат на старите“, рече Николовски кој е еден од ретките живи борци од Втората светска војна.