После подолго време вљубениците во музиката имаат нешто ново. Бранко Шпољариќ-Паљач (од Чоканче) и Ѓокица Зафировски – Ѓоле (од Suns) повторно работат, но не со „Чоканче“ или Suns, ами со „ГЛАС” а ова им е четврта песна.
Темата е со наслов „РУЖНИ ВРАТИ СЕ“ …песната си има приказна и е посветена на сите нас кои се запознавме, дружевме, свиревме и сеуште се дружиме до ден денес.
…Ружни е воедно и метафора за тоа време (средината на осумдесетите и почетокот на деведесетите)… еве, после свирките на 25 мај и низ Македонија, до денес не почнавме да се дружиме, вели Паљач… Чоканче, Сонца, Последна експедиција, Санаториум, Торнадо, Канго…И се околу тоа време…со тебе, со Мишко, со Тошо, со Панде, со Антонио…убаво време.
Ова е воедно и четврта песна на “ГЛАС” кој го сочинуваат ;
Ѓокица Зафировски – Ѓоле (од Suns) и Бранко Шпољариќ-Паљач (од Чоканче)
и пријателите .
„Глас“ досега издадоа 3 песни – „Ново Време“, „Глас“ и „Овде и Сега“