Стара скица на Фреди Меркјури е продадена на аукција за 1,6 милиони евра

Date:

Ракописот на познатиот хит на Квин, „Bohemian Rhapsody“, напишан од Фреди Меркјури, беше продаден на аукција во „Сотби“ во Лондон во средата вечерта за 1,6 милиони евра.

Овие 15 страници напишани со молив и хемиско пенкало на хартија со логото на сега веќе непостоечката „British Midland Airways“ го откриваат процесот зад создавањето на овој вонвременски хит.

Меѓу другото, од ракописот е видливо дека песната би можела да се нарече и „Mongolian Rhapsody“.

Пред аукцијата, Сотби ја процени вредноста на ракописот меѓу 930.000 и 1,4 милиони евра.

Клавирот на Фреди Меркјури, на кој пејачот на Квин ја компонирал „Bohemian Rhapsody“, беше продаден на аукцијата на Сотби за два милиони евра.

Меркјури го купил клавирот од брендот Јамаха во 1975 година за илјада фунти.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...