Дури 36 отсто од момчињата и три проценти од девојчињата на 15-годишна возраст имале сексуално искуство.
Дури 36 проценти од момчињата и три проценти од девојчињата на 15 годишна возраст имале сексуални односи. Заштитениот сексуален однос е пракса кај само 20 % од девојчињата и 62 % од момчињата меѓу албанското население и кај 64 % од момчињата и 52 % од девојчињата меѓу македонското население, покажува истражувањето на МАГО и ХЕРА по повод светскиот ден на контрацепција. Од младите парови до 29-годишна возраст, само 12,8 % користат модерно контрацептивно средство. 13 годишно девојче станало мајка, а исто така нејзина врсничка е најмладата девојка која имала абортус. Гинеколозите и невладините организации апелираат за едукација како и ставање на позитивна листа на контрацептивните пилули.
Гинеколозите објаснуваат дека фактите покажуваат дека децата стапуваат во рана возраст во сексуални односи и токму заради тоа мора да има едукација правилна и прилагодена според возрста на децата. Во општина Центар сексуално образование се предава во осмо и деветто каде децата учат за последиците од раното стапување во сексуални односи.
Иако буџетот за бесплатна модерна контрацепција за девојки и жени во ранливи ситуации предвиден е зголемен од 100 илјади денари во 2022 година на 500 илади денари годинава, бесплатна контрацепција добиваат само жените кои живеат во Скопје и тоа само преку Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.