ССМ: Работниците не се платени колку што се продуктивни

Date:

Според податоците од Меѓународната организиација на трудот (ILO), индикаторот Бруто домашен производ по одработен час во долари, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 долари по одработен час (1.768 денари), соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Македонија, а пред се македонските работници се продуктивни над светскиот просек (23,27 долари). Ако се пресмета на месечно ниво (168 работни часа), еден работник е продуктивен, односно создава 297.024 денари месечно.

Нето минималната плата во Македонија изнесува 24.379 денари месечно, а еден работник создава 297.024 денари месечно. Тоа значи дека работник со минимална плата добива 17% од вредноста што просечно се создава месечно. Газдите и функционерите ги држат работниците во сиромаштија, односно создадената вредност не се распределува пропорционално кон трудот, а уделот на платите во создадената вредност е релативно низок.

Само 17% од создадената вредност одат во плата, а остатокот оди за профит, инвестиции, амортизација, даноци, трошоци на капитал и други расходи.

Очигледно е дека намерата да се спречи растот на минималната плата не е до тоа колку биле или не биле продуктивни македонските работници, туку до тоа колку се богатат и владеат на работничкиот грб.

Македонија има продуктивност над просекот на светско ниво и постои економски простор за раст на платите и покрај тоа што одредени експерти, газди и функционери убедуваа во спротивното. Кај дел од земјите во регионот се гледа дека продуктивноста не е многу повисока од Македонија, а минималната плата е значително повисока.

Македонските работници не се на дното, туку се со релативно добра продуктивност блиску до Бугарија, а повисоко од Црна Гора, Србија, Босна и Албанија, но и покрај повисоката продуктивност во споредба со некои земји, минималната плата и генерално платите во Македонија се многу пониски во споредба со земјите од регионот.

Како заклучок на сето ова произлегува дека работодавачите ги експлоатираат работниците, а власта ја поддржува оваа состојба“, соопшти ССМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...