Србија одигра доминантен меч против селекцијата на Литванија, Србите победија со 87-68 и се пласираа меѓу четирите најдобри на Мундобаскетот.
Првата четвртина беше неизвесна, по тие 10 минути Литванија имаше водство од 25-24. Но, во продолжението од натпреварот работите почнаа да се одвиваат поинаку.
Србија почна да доминира, го сврте резултатот, ја доби втората четвртина со 25-13 и на одморот замина со предност од 49-38.
Во второто полувреме Србија продолжи да ја зголемува предноста, во текот на последната четвртина дојде и до највисоки 25 поени разлика, беше 82-57. Конечниот резултат на крајот гласеше 87-68.
Богдановиќ беше најдобар во составот на Србија, постигна 21 поен, Петрушев даде 17 поени. Кај Литванците најдобар беше Седекерскис со 14 поени.
Србија во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Канада и Словенија, тоа е меч кој се игра денес.
Американците немаа милост кон Италија, ја совладаа со 100-63 и се пласираа меѓу четирите најдобри на Светското кошаркарско првенство.
САД во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германија и Летонија.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]