Во 2016-година бил набавен ситем систем кој спречувал кражба на цитостатици, но новата власт во 2017-ма го фрлила, дознава „Слободен печат“.

Поранешното раководство во 2016 на тендер набавило автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците (CATO System), а 20 медицински сестри минале едномесечна обука со фармацевтка од Белград за користење на КАТО или компјутерски-контролираното припремање на цитостатици.

КАТО ги чинел даночните обврзници 350,000 евра, бил набавен од Париз (изолаторите, медицинските монитори, баркод печатачите, гравиметриските ваги) и функционирал многу кратко, околу 6 месеци

Со набавката на КАТО системот за Клиниката за Онкологија,идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување.

Дополнително, со стариот начин на работа имало токсични труења и на медицинскиот персонал задолжен за подготовка на дозите. Во европските држави овој систем е одамна во употреба и речиси и нема болница во развиениот свет во која цитостатиците се подготвуваат рачно. Но, системот имал друга ,,маана” – со него не би можело да се украде ниту милиграм доза.

Но, по само шест месеци откако се променила власта и се назначил нов директор, докторот Нино Васев го размонтирал системот и најавил дека ќе го користат стариот начин на работа, за да заштеделе на ќеси.

Така клиниката се вратила на примитивната рачна подготовка на цитостатиците. Со тоа се отворила и вратата кон кражбата на ампули проследена со сомнежи за малверзации со дозите.

Клиниката за онкологија во Македонија е единствената болница во светот која што го има купено КАТО системот и не го користи, пишува „Слободен печат“.