Спречен шверц на 1,8 тони нафта од македонска територија во Албанија

Date:

Според Полицискиот комесаријат-Корча, уапсени биле три лица што се обиделе да ја прошверцуваат нафтата од Македонија во Албанија.

Три камиони со по 600 литри нафта скриена во дополнителни цистери откриле полицајците на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга.

Според Полицискиот комесаријат-Корча, уапсени биле три лица што се обиделе да ја прошверцуваат нафтата од Македонија во Албанија.

Нафтата била откриена при преглед на секој од камионите што ги управувале трите лица.

„По извршени процесни дејствија, приведени се Д.Г. (36), Е.П. (40) и Г.Л. (27), сите тројца жители на Поградец, за сторени кривични дела трговија и пренесување шверцувана стока, складирање или депонирање на шверцувана стока и криумчарење со стоки за кои се плаќа акциза или со целосно или делумно суспендирање од царина или акциза“,пишува во соопштението од Полицискиот комесаријат -Корча.
Од полицијата информираат дека случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча за понатамошни дејствија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...