Нема обожавател на „кралицата на спортовите“ кој не слушнал за Австралијката Мишел Џенке (29), девојка која денес го живее животот од соништата.
Џенке освои сребро на 100 метри со пречки на младинските олимписки игри во 2010 година, и токму тогаш љубителите на атлетиката слушнаа за неа. Сепак, нејзината популарност вртоглаво порасна две години подоцна за време на Светското јуниорско првенство во Барселона кога беше во центарот на вниманието на јавноста.
Џенке беше фатена на камера како прави апсолутно симпатичен танц за време на загревањето што вклучуваше мешање со колковите од една на друга страна. На крајот трката ја заврши на петтото место, но доби многу повеќе, отвори многу врати на бројни спонзори, но стекна огромна популарност.
Таа продолжи да се натпреварува, но не беше толку успешна на патеката. Настапи во 2016 година на Олимписките игри во Рио, каде што не се прослави.
Таа пред трката го изведе познатиот танц, но не успеа да се пласира меѓу најдобрите. Својата трка ја заврши на шестото место и не успеа да влезе ниту во полуфиналето.
Нејзиниот последен настап на големо натпреварување беше на Светското првенство во Орегон во 2022 година, каде што стигна до полуфиналето. Според некои информации таа од кариерата и многубројните спонзори успеала да заработи околу 3 милиони евра, а со тоа станала милионерка пред 30 години.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]