Социјалистичката партија на Македонија и укажува на јавноста дека вистината за притисокот од Бугарија за уставните измени е последица од прифаќањето на сите испорачани бугарски барања од страна на премиерот и на министерот за надворешни работи, а кои со нивна согласност, за Македонија претставуваат и европски услови.
Ковачевски со лицемерното префрлање на вината и во безсрамното лажење заборава на потпишаните Протоколи, на бугарската Резолуција, Изјавите за македонскиот јазик или пак на Меморандумот на владата во Софија и конечно на Договорот за пријателство во кои таксативно се наведени сите македонски обврски, а ниту една бугарска.
Само неодговорни и несериозни политичари и без основно чувство за национална припадност, какви што се нашите преговарачи Ковачевски, Османи, Пендаровски и Заев, можат да прифатат бугарската држава да одлучува за македонското образование, за филмската продукција, печатењето книги, за театарската програма, документарната продукција, историските факти или за архивската граѓа со што македонската држава и нација престануваат да постојат.
Социјалистичката партија на Македонија ги предупредува сите вклучени во едностраното прифаќање на бугарските барања дека отстапија од сите македонски национални позиции кои беа дефинирани и акламативно усвоени како одлуки во Собранието на Република Македонија, за што ќе сносат одговорност.
Социјалистичката партија на Македонија многу сериозно го разбира негативното расположение од 85% на Македонците кон бугарските уцени и притисок за уставните измени, укажувајќи и на непринципиелниот однос на претставници и емисари од ЕУ со суптилното предупредување за потребните измени како услов за евроинтегративните перспективи.
Оттаму во јавноста се должи и падот на довербата во процесот, но и во самата ЕУ.
Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека премиерот Ковачевски и покрај сите вербални еквилибристики и демагогија со префрлање на вината неможе и несмее да биде амнестиран за чинот против македонскиот народ и држава. Најмалку од тоа може да се амнестира со лажниот патриотизам и неискрена одлучност во заштита на македонските интереси.
Владата доживува целосен дебакл и во надворешната политика, а Македонија доживува неуспех во започнувањето на преговарачкиот евроитегративен процес со што ја загуби и последната потпора за легитимитет и за одржување.
За Социјалистичката партија на Македонија единственото решение од длабоката политичка криза и безизлезот во кој се наоѓа државата претставува неотповикливата оставка на премиерот и одржување вонредни парламентарни избори за спас ма македонската држава.
Социјалистичка партија на Македонија