Би потенцирал дека во текот на 2022 и 2023 година имало намалување на интересот за вадење дозволи за огнено оружје напиша Спасовски.
Она што е важно за нас како граѓани и за оние кои поседуваат оружје е дека 4 јуни 2023 година е краен рок за промена на старите дозволи за употреба на огнено оружје со новите дозволи.
Апелирам до граѓаните тоа да го направат согласно законските рокови. По овој рок ќе бидат преземени ригорозни мерки за оние кои нема да го почитуваат тој рок.

„Според податоците со кои располагаме и врз основа на проектот во кој работиме во ОБСЕ за создавање дигитална база од влегувањето на оружјето во државата до корисникот, имаме околу 180 илјади во државата . Не можеме да зборуваме со апсолутни податоци за лицата кои поседуваат бидејќи за една дозвола може да се дадат 10 одобренија за нарачка на оружје и на годишно ниво работиме не само со нови дозволи, туку и со дозволи кои истекуваат. Важно е дека секоја година паѓаат бројките кои се однесуваат на нарачаното оружје. Во 2021 година дадовме 3.365 согласности, во 2022 година дадовме 2.480 согласности и во 2023 година досега 1.697 согласности. Она што е важно за нас како граѓани и за оние кои поседуваат оружје е дека 4 јуни 2023 година е краен рок за промена на старите дозволи за употреба на огнено оружје со новите дозволи. Апелирам до граѓаните тоа да го направат согласно законските рокови. По овој рок ќе бидат преземени ригорозни мерки за оние кои нема да го почитуваат тој рок“, вели Спасовски .