Со 4-2 го елиминираше Феникс, Денвер прв стигна до финалето

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Денвер нагетс е првиот тим кој се пласира во конференциско финале во НБА-лигата, откако синќа ја затвори серијата против Феникс со 4-2, славејќи во шестиот натпревар, на гостински терен, со 125-100.

И покрај тоа што Денвер одигра монструозно прво полувреме, добивајќи го со 81-51, сепак натпреварот го одбележа уште еден феноменален перформанс на Никола Јокиќ, со 32 поена, 10 скока и 12 асистенции. Ова беше негов 11. трипл-дабл во плејоф настапите, со што се изедначи со Џејсон Кид, на вечната листа, која ја предводи Меџик Џонсон со 30.

Исто така, Јокиќ ја заврши целата серјиа со Феникс со просек од 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции по натпревар и стана само третиот кошаркар кој завршил една плејоф серија со трипл-дабл просек додека има 30 или повеќе поени. Другите двајца се Леброн Џејмс и Расел Вестбрук, двајцата од 2017 година.

Кошаркарите на Денвер сега ќе имаат нешто повеќе одмор, додека го дознаат противникот во финалето на Западот, ЛА Лејкерс или Голден стејт вориоррс. Во нивната серија „езерџиите“ водат со 3-2 и имаат меч-топка на домашен терен претстојнава ноќ.

Филаделфија имаше можност да го направи истото што му појде од рака на Денвер, но не го искористи мечот пред своите гледачи и загуби од Бостон со 86-95. Во ноќ со многу промашувања, Бостон одигра подобра завршница, која го реши победникот. Филаделфија постигна само три поена во последните шест и пол минути, Селтикс направија серија од 14-1 во тој период и стигнаа до победата.

Жоел Ембид ги предводеше стрелците со дабл-дабл од 26 поена и 10 скока, а Маркус Смарт беше најдобар кај Бостон со 22 коша и по седум асистенции и скокови. Со ова Бостон изедначи на 3-3 и ја врати предноста на домашен терен во седмиот натпревар, предвиден за ноќта недела кон понеделник.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...