Со шлиц до колк, Амал на вечера со Џорџ Клуни во Венеција

Date:

Гламурозното патување на Џорџ и Амал Клуни во Венеција се уште трае, а по повод вечерното излегување во елитен ресторан, тие решија да се појават во исклучително елегантно издание.

Амал изгледаше прекрасно во смарагдно зелен фустан со свилени детали и шлиц што ги откри нејзините затегнатите нозе, пренесува „Пејџ сикс“. Додека 62-годишниот актер кој за оваа пригода облече темно сина јакна.

Екслузивното дуо пристигна во Венеција во вторникот во хотелот „Ципријани“ на 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде што ќе биде прикажан „Момците во чамецот“ на Клуни. На својот прв ден во Венеција, 45-годишната Амал носеше бел цветен мини фустан без ракави со темносини цветни детали што одговараше на сината поло кошула и ленените панталони на Клуни.

Да потсетиме, Клуни долги години беше познат како најпосакуваниот ерген во Холивуд, а со адвокатката за човекови права Амал се ожени во 2014 година. Три години подоцна ги добија близнаците Александар и Ела.

Како што тврди, неговото семејство ја пополнило празнината и го забавувало животот.

– Ние сме навистина добар тим, откако се запознавме. Најмногу што сме биле разделени досега три-четири дена, никогаш не сме се скарале. Во брак сме седум години и живееме навистина прекрасен живот. И двајцата сме вработени, но и двајцата сме навистина вклучени во животот на едни со други, што е убаво – заклучил актерот кој се надева на награда на филмскиот фестивал во Венеција.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пензискиот фонд на стаклени нозе – се бара дури и поместување на прагот за одење во пензија на 67 години

Мислење на Фискалниот совет за 5-годишната стратегија на владата...

Едно лице повредено во пукање во Чаир, МВР го истражува случајот

Едно лице е повредено во пукање што денеска се...

Загадувањето со смртни последици – Протестен марш за чист воздух на 10 декември во Скопје

Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протестен марш за чист...

Тошковски за Радио Лидер: Не им успеа обидот за дестабилизација

„МВР има капацитет да одговори на ваквите предизвици, тоа...