Со селфи заврши најдолгата „војна“ во холивудската историја

Date:

Најдолгата расправија во Холивуд сега и официјално заврши, откако Кети Пери објави селфи со Тејлор Свифт.

Кејти објави фотографија со Тејлор на Инстаграм, а нивната заедничка слика за еден ден им се допадна на 3,6 милиони луѓе, објави Пипл.

Во друштво на Рита Ора, Пери го придружуваше првиот настап на Тејлор во Сиднеј во рамки на турнејата The Eras и сподели неколку фотографии и видеа од концертот, а нејзиното селфи со моментално најпопуларната пејачка во светот го привлече вниманието на фановите.

– Дојдов да видам една стара пријателка како блеска вечерва – напишала Кејти со објава која за малку „го урнала интернетот“.

Пејачките беа во кавга речиси 10 години, а фановите нивната фотографија ја протолкуваа како симбол на помирување и крај на најдолготрајната кавга.

„Оваа објава ги смени луѓето засекогаш“, „Треба да се смириме“, „Сега дајте ни соработка“, „Ова е како сон“, „Ќе го срушите интернетот“ – ова се само дел од коментарите на споменатиот фотографија.

Да потсетиме, нивната кавга стана јавна откако Свифт ја објави песната „Bad Blood“ чиј спот и текст зборуваат за поранешна пријателка која „ѝ заби нож во грб“.

Во интервјуата Тејлор спомна и „позната пејачка која се обиде да и ја саботира кариерата крадејќи ѝ ги танчерите“.

-Со години не бев сигурна дали навистина сме големи пријателки или само ме навредуваше. А потоа направи нешто по што заклучив дека мора да бидеме заколнати непријатели – изјавила Тејлор во едно интервју, алудирајќи на тоа дека Кети Пери ѝ ги украла танчерите.

Но, ниту Кети не ѝ остана должна, па својата поранешна пријателка ја нарече „волк во овчо руво“.

Расправијата меѓу популарните пејачки е наречена „студена војна на поп културата“, во која Пери го доби главниот збор. По бројните критики на нејзина сметка, Пери го промени својот животен стил и разви генијална стратегија да ги измами фотографите. Кога и да излегуваше од дома, секогаш носеше иста тренерка и со тоа им отежнуваше на фотографите кои ја фотографираа во едно исто издание.

Кети во едно интервју објаснила како тогаш се справувала со омразата и бројните негативни коментари, а ѝ помогнала пејачката Сиа, која се прославила на сличен начин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...