Со промоцијата на новиот албум Калиопи го почна одбележувањето на 40-годишната кариера

Date:

Македонската пејачка Калиопи Букле на својот You tube канал ги објави сите десет песни од нејзиниот нов албум наречен „Албум„ на кој работеше со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.

И покрај тоа што се разведени Калиопи и Ромео, одлично соработуваат сите овие години. Се разбира Ромео присуствуваше и на промоцијата, бидејќи во неговото студио во Базел, Швајцарија, каде што живее, се созадени и снимени повеќето од песните што се најдоа на новиот носач на звук. Дел се овековечени во студиото „Абракадарбра“на Бранко Попчевски во Скопје. Миксот и мастерингот се направени во „Кроација рекордс“ и во студиото на Филип Видовиќ во Загреб.

На промоцијата беа премиерно пуштени видета за четири песни од албумот „Калиопи“: „Ела“, чија видео приказна е снимена неодамна во Охрид, „Казна“, песна снимена во соработка со Слаткаристика, кои се на македонски јазик, и на нумерите „Зашто“ и „Дај ми комад душе“, на српски јазик. Истовремено овие мелодии, можеа да се слушнат насекаде во регионот и пошироко, бидејќи беа споделени на официјалниот мзуички канал на нашата поп дива.

Ромео е автор на скоро сите песн, тој ги потпишува и музиката и текстот, аранжманите, а свири и на бас гитара, на клавијатури, програмира…. Спотовите ги продуцираше студиото „Мелем“, а режијата е на Огнен Шапковски.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, предвидени се два големи концерти на Калиопи пред македонската публика. Првиот е во Битола на 20 јули, во амфитеатарот на Херкалеа, а вториот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ на 19 октомври.

По неколку години пауза, Калиопи првпат запеа пред скопјани во април, на концертот на Жељко Самарџиќ во салата „Борис Трајковски“, каде заедно ја испејаа песната „Знам“, што исто така се најде на новиот албум, како и нејзиниот најголем хит „Роѓени“ (Бато), и двете ги потпишува Ромео Грил. Тој е автор и на песните со кои израснаа неколку генерации: „Лео“, „Да море зна“, „Ако денот ми е ноќ“, „Црно и бело“, „Дона“, „Кофер љубави“, „Обои ме“, „Мелем“, „Вучица“…..

Во моментот Калиопи е најекспонирана македонска пејачка во регионот, нејзината публика од ден на ден е се побројна, па се планира и српска верзија на албумот наскоро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...