Младата девојка од Кина по име Женг Ксијангксианг има повеќе од 530 милиони следбеници на популарната платформа Douyin, а неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите.
Таа за седум дена продала повеќе од 10 милиони производи благодарение на нејзината необична тактика пред камерите. Се верува дека вкупната добивка изнесувала 12,6 милиони евра!
Која е нејзината тајна? Женг го претставува секој производ во рок од две до три секунди, како на подвижна лента.
Со други зборови, потенцијалните клиенти добиваат малку информации за производот.
Претежно се работи за евтини предмети, чевли, облека, закачалки и други предмети за домаќинството, чии цени се движат од три до 11 долари.
Не е познато кога девојката ја снимила неверојатната распродажба, но платформата Douyin оттогаш ги променила правилата, поточно забранувана онлајн продажба со малку или без информации за производот.
Се нагласува дека прекршувањето на правилата, кои стапија на сила на 27 октомври, може да резултира со парична казна и раскинување на сметката.
На други платформи се појавија видеа од Женг како ги презентира производите, а не сите се ентузијасти.
Така, еден корисник на Јутјуб коментирал дека не ја гледа јасно облеката, бидејќи „само дел е изваден“ од кутијата.
„Дали некој навистина го купува ова?“, прашал тој.