Со кеса за ѓубре и капа за туширање: Маж упадна на ревија на Модната недела во Њујорк

Date:

Во светот на високата мода чудните и навидум грди модни комбинации, станаа составен дел од колекциите на најпознатите модни брендови. Затоа, инцидентот што се случил за време на Модната недела во Њујорк не е претерано изненадувачки.

Имено, на видеото кое се сподели на социјални мрежи може да се забележи маж облечен во проѕирна кеса за ѓубре и капа за туширање како упаднал на ревија, за време на Модната недела во Њујорк.

На почетокот никој не сфатил дека тој е натрапник, сè додека обезбедувањето не го тргнало од пистата. Носејќи проѕирна кеса за ѓубре на телото како костим, тој чекорел по пистата воодушевувајќи ги присутните. За момент погледнал зад себе, со неверување дека неговиот потфат поминал без проблем.

Но, штом членовите на обезбедувањето го забележале натрапникот, еден од нив истрчал да го тргне од пистата, за да можат моделите да продолжат со шоуто според планираното.

На видеото реагираа и корисниците на социјалните мрежи. Некои рекоа дека неговиот стил на облекување го исмева шоуто, додека други го нарекоа неговиот настап „неверојатен“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...