Со жив штит и механизација за вода – земјоделците од овчеполско го блокираа патот Штип – Велес

Date:

Овчеполските земјоделци со жив штит, но и со земјоделска механизација го блокираа магистралниот пат Штип – Велес. На протести излегоа, откако минатата недела во неколку наврати побараа вода за наводнување на нивните земјоделски култури.

Овчеполските земјоделци пред неколку дена добија ветување дека ќе добијат вода за наводнување од хидросистемот „Брегалница“, но земјоделците велат дека немаат доволен доток на вода за да ги наводнат своите површини под пченка, детелина, лозја и други земјоделски култури.

Земјоделците од Овче Поле денеска добија поддршка и од оризопроизводителите од кочанско кои се пожалија дека и кај нив полињата буквално горат за вода. Пред два дена поради истиот проблем, протестираа и земјоделците од карбинско. На протестот поддршка дадода и функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Благојчо Богатинов, директор на водостопанство „Брегалница“ за Телма вели дека ветените шест кубици се испорачуваат низ системот, но на терен нема солидарност од земјоделците. Забележана е кражба на водата од земјоделци од Долни Балван, од Крупиште и од Врсаково за што е побрана и интервенција од полицијата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...