Спасени се лицата кои со возило заглавија на Галичица. Тргнале по патен правец кој подолго време е затворен за сообраќај за моторни возила, а сакале да стигнат до врвот на планината.
Како што информираа од Центарот за управување со кризи, повикот за помош стигнал во раните утрински часови, а акцијата траела од 5 до 8 часот.
Веднаш била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто итно се упатиле на терен за да помогнат.
Службите веднаш стапиле во контакт со лицата заглавени во возилото и се упатиле кон локацијата.
Од ЦУК воедно потсетуваат дека патниот правец преку Галичица сезонски е забранет за сообраќај од 15 ноември до 1 април и апелираат забраната да се почитува.