Сочни шницли во сос од сенф и павлака

Date:

Ако сте љубител на свински шницли, овој рецепт е совршен за да ги подготвите најмеките и најсочни шницли што некогаш сте ги јаделе.

Нема да се покаете што ќе ги зготвите.

Потребни состојки:

  • 500g тенки свински шницли
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажици брашно
  • 200ml млеко
  • 200g кисела павлака
  • 500ml вода
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Свинските шницли посолете ги и премачкајте ги со сенф од двете страни.
  2. Пржете ги на врело масло, па кога ќе заруменат малку, тргнете ги шницлите на чинија.
  3. Во истото масло продинстајте го кромидот, па кога ќе омекне, вратете ги шницлите и додадете вода.
  4. Оставете се да се динста околу 45 минути на средна температура.
  5. За тоа време подгответе го сосот – во млекото додадете 2 лажици брашно и павлаката и изматете сè за да нема грутчиња.
  6. Месото повторно извадете го од тавата, а во сосот во кој се динстале шницлите, ставете ја смесата од млеко и павлака.
  7. Оставете да се вари, мешајќи околу 5 минути, па вратете ги шницлите и динстајте околу 10 минути за да се соедини.
  8. Послужете ги топли (со ориз или компири). По желба, наросете со малку магдонос.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...