Комитетот на министри на Советот на Европа упати критики кон официјална Софија за тоа дека досега не преземала ништо конкретно за да се реша недостатоците во функционирањето на досегашниот систем за регистрација и им даде рок до 15 јуни да престават план.
-Пратениците изразија жалење во овој контекст што властите сè уште немаат презентирано информации за пораките на високо ниво до јавноста за извршувањето на овие пресуди како што беше предложено во претходните одлуки и ги повика повторно да размислат за таков чекор,стои во заклучоците на Комитетот на министри.
Адвокатот Тони Менкиноски, застапник во неколку случаи на македонските здруженија од Бугарија пред ЕСЧП, очекува Бугарија конечно да ги имплементира пресудите а доколку не го стори тоа би можела да се соочи со исклучување од Советот на Европа.
-Софија и Бугарија мора да ги признаат Македонците и мора да ги регистрираат македонските здруженија во Р. Бугарија. Со тоа ќе покажат дека ја почитуваат Европската конвенција за човекови права и со тоа мора да ги имплементираат овие пресуди во нивниот систем. Доколку не го сторат тоа Советот на министри јасно укажува дека ќе започнат процес на исклучување на Бугарија од Советот на Европа, вели Менкиноски.
Менкионски очекува и проактивна улога на Македонија во Комитетот на министри и поригорозни мерки против Софија ако пак не се спроведуваат одлуките.
За правата на македонците во Бугарија, Комитетот на министри на Советот на Европа се очекува повторно да расправа во септември, а доколку се утврди дека нема напредок на истото прашање ќе се наврати и на декемвриската сесија.