Софија Вергара одлично се снаоѓа по разделбата од сопругот Џо Манганиело, откри нејзина пријателка во изјава за „Пипл“.

51-годишната ѕвезда и нејзиниот сопруг актер објавија во јули дека се разведуваат по седум години брак, а нејзината колешка од серијата „Модерно семејство“, Џули Бовен, вели дека Софија се чувствува добро благодарение на поддршката од нејзиното семејство и пријателите.

Во изјава за „Пипл“ на доделувањето на наградите Step Up Inspiration Џули рече: „Нејзиниот ‘Инстаграм’ кажува сè. Разговаравме и таа одлично се снаоѓа. Софија отсекогаш има прекрасно семејство и прекрасни пријатели“.

Боуен исто така се пошегува дека на нејзината другарка не ѝ треба Тејлор Свифт да ја носи на натпревар во НФЛ откога пејачката покани славни личности од Холивуд да го гледаат нејзиното ново момче Тревис Келце во акција за „Канзас Сити чифс“.

Актерката се пошегува: „Не ѝ треба Тејлор Свифт да ја носи на натпревар. Добро е“.