Состојбата на Брус Вилис премина во деменција, вели семејството

Date:

На Брус Вилис му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција, соопшти неговото семејство во четвртокот, речиси една година откако ѕвездата на серијалот „Умри машки“ се повлече од актерството поради афазија, која ги попречуваше неговите когнитивни способности.

„Откако ја објавивме дијагнозата на Брус за афазија во пролетта 2022 година, состојбата на Брус напредуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD)“, откри неговото семејство во изјава објавена на веб-страницата на Здружението за фронтотемпорална дегенерација.

„За жал, проблеми со комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се соочува Брус. Иако сето ова е болно, олеснување е конечно да се има јасна дијагноза.“

Во соопштението, на кое семејството прикачи фотографија од насмеан Вилис на плажа, се наведува дека моментно нема лекови за оваа болест. Семејството се надева дека дијагнозата на Вилис на 67-годишна возраст ќе донесе поголем фокус на борбата против ФТД.

„Како што состојбата на Брус напредува, се надеваме дека секое медиумско внимание може да се насочи кон расветлување на оваа болест за која е неопходно многу повеќе свест и истражување“, стои во соопштението.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...