Брајан Волше е обвинет за убиството на неговата сопруга Ана Волше, која исчезна на 1 јануари 2023 година, пишуваат српските медиуми.

Тој треба да се појави пред судот во Квинс, Њујорк во среда за да се изјасни за обвиненијата.

На рочиштето минатата недела тој негираше дека е вмешан во исчезнувањето на неговата сопруга Ана, по потекло од Србија. Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.

Како што веќе е познато, оваа страшна приказна започнува на новогодишната ноќ кога Ана последен пат била видена жива, по што на нејзиниот сопруг и биле потребни три дена да ја пријави како исчезната.

Тоа го направил дури кога работодавецот на Ана го пријавил нејзиното исчезнување, откако таа не заминала на договорено службено патување.

Во меѓувреме, сопругот на Ана, Брајан, беше уапсен поради попречување на истрагата, а подоцна во нивниот дом во Кохасет беа пронајдени страшни докази како крвав нож.

Откриено е и дека по исчезнувањето на Ана, Брајан пребарувал на интернет „како да се ослободите од телото на жената“ и купил куп производи за чистење и дезинфекција за 450 долари во готовина во продавница.

Исчезнувањето на Ана Валша предизвика голем интерес во американската јавност, но и медиумите во регионот кои пишуваа и за нејзиниот дедо, поранешниот социјалистички моќник и Титовиот генерал, Никола Љубичиќ.

Ана и Брајан имаат три малолетни деца.