Сопругата на контроверзниот продуцент и рапер Канје Вест, ексцентричната Бјанка Ценсори, со денови предизвикува хаос на улиците на Лос Анџелес со својот предизвикувачки стајлинг и целосна голотија.
Пред неколку дена се појави во хеланки кои го откриваа нејзиниот задник, а еден ден подоцна излезе во најкраткото мини здолниште на светот, а потоа облече целосно проѕирна блуза без градник.




Сега Бјанка изненади со нов стајлинг за прошетка.



Сопругата на Канје Вест повторно ја шокираше јавноста со нов невообичаен стајлинг, иако е пооблечена од вообичаено. Имено, Бјанка низ улиците на Лос Анџелес сега одбрала да се прошета по боди што се носи под фустан, но и чипкани чорапи.


Бајнка и овој пат нема ниту панталони, ниту подолго здолниште.
