Сопругата на Ацо Шопов по повод 100 годишнината: Песните му даваа сила за да истрае во животот

Date:

Светлана Шопова, сопругата на великанот на македонската поезија Ацо Шопов, во неговиот роден град Штип, одржа кратка беседа во чест на 100- годишнината од неговото раѓање. 

Шопов, истакнат македонски поет, револуционер и општественик е роден во 1923, а почина во 1982. Македонија цела година со повеќе настани го одбележува јубилејот.

Осумдесет и шестгодишната Шопова пред повеќе години му отвори спомен-соба со неговите најзначајни дела отсликувајќи го со тоа неговиот голем творечки опус. Шопова носталгично зборуваше за заедничкиот живот со сопругот, како голем поет и признат амбасадор и општественик за цело време од неговиот животен пат. Таа откри дека со Ацо се запознале покрај Охридското Езеро додека биле на плажа.

„Мојата приврзаност кон Штип се роди преку Ацо, но не само преку убави работи, туку и преку неговото многу тешко детство. Тој, како дете со само 9 години, ја чувал својата парализирана мајка сѐ до неговите 19 години, носејќи ѝ секој ден по две кофи термална, лековита вода од Л’џите во Штип за да ѝ го мие болното тело. Но, тие тешки денови од младоста не му го срушија неговиот дух и неговата љубов кон родниот крај, а подоцна и кон неговото творештво кое всушност му даде нови сили да истрае“, рече Шопова.

Таа рече дека им е благодарна на песните на Ацо, особено на неговите четири молитви од кои во последната, како што вели, се чувствува дека нејзе ѝ ја посветил. Шопова кажа дека понатаму грижата за неговото дело ѝ ја предава на ќерката Јасмина Шопова, која живее во Париз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...