Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Date:

Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро.

-Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, вели Стојмирски.

Претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.

Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и 230 сантиметри, додава Ќурчиски.

Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...