ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
Македонците истотака придонеле во развојот на индиската и кинеската култура, со преведување на будистичките канони на кинески јазик во Александриската библиотека. Покрај тоа, тие го поттикнале ширењето на будизмот преку македонистичкото индијско царство Magadhe, за време на царот Ашока (274-237 години п.н.е.), што претставува прва гранична линија во будистичката историја и експанзија. која ги зафатила: Цејлон, Бурма, Кина, Кореја и Јапонија.
Во подоцнежните векови, поврзувањето на христијанското учење со Аристотеловиот дух и преводите на Стариот и Нов завет на македонски јазик, била исклучително плодотворно. Всушност сето ова ја втемелило силата на христијанската вера.
Во периодот на римските освојувања на Балканот во II век п.н.е. и подоцна, за време на Римската империја, геноцид над Македонците немало, ниту асимилација, освен помали колонизирања. Дури, и покрај разните административни поделби, во Западна Македонија Римјаните создале „Слободна Македонија“, која имала автономни ингеренции. Општествено-економскиот живот, културата и обичаите во Македонија се развивале во новите услови, успешно за сето време на римското владеење. Не биле извршени етнички структурни промени и немало миграција од Елада. Македонците кои соработувале со Римјаните и го научиле нивниот јазик, станале посебен етнички ентитет како латинофони Македонци (или влахофони). Останатите го сочувале својот јазик и писмо и немало романизација.
Стекнувајќи доверба кај Римјаните, Македонците учествувале во служењето војска, командувањето и во граѓанските служби, но го сочувале својот идентитет. Елините се повеќе се нарекуваат Ромеи.
Со доаѓањето на Апостолот Павле, во 49 век од н.е. во Солун и Бер, се создале првите христијански заедници на Балканот, во Македонија.
Големите преселби на словенските народи и нивнито постојано населување на Балканот, во Источното римско царство, во VI век од н.е., влијаело врз новото обликување на населението на целиот Полуостров Доминантноста на Словените во Македонија и Елада била апсолутна, со што започнува ерата на словенизација и етничко-социјалните промени.
Според „Монемвасијската хроника“ од X век, Словените преовладувале дури и на Пелопонез, а не само во континентална Елада, повеќе од 200 години, т.е. од крајот на VI век до почетокот на IX век. Словен-ските племиња како што се: Драговитите, Велегезите, Берзитите, Сагудатите, Ринхинитите, Смољаните итн., во Македонија создале свои склавини (sklavos-роб), како автономни, племенски, самоуправни, територјални заедници, каде фактички не постоела власт на ИРЦ (Источно римско царство). Староседелците, праисториските и античките Македонци и Власи, под притисок на Словените, се повлекуваат насекаде, кон утврдените градови, кон морето и островите, како и во планинските места (претежно влахофоните).
Во ИРЦ, од 867 говини на н.е., на власт дошле Македонците и формирале, во историјата позната „Македонска династија“, која владеела со империјата до 1056 година, т.е. околу 200 години. Времето на оваа династија, кое може да се означи како четврто во македонската историја, претставува златен период на ИРЦ. Тоа е период на процветување на царството, кодификација на правата, културен процвет и христијанизација на Словените.
Словените биле народи со индоевропско потекло и во нивната прасловенска заедица зборувале со единствен словенски јазик т.е. старословенски. Нивната религија била паганска, политеистичка, додека нивното пимо било линеарно, архаично (црти и точки) и се пишувало на штавена кожа, на штички и друго.
ИРЦ, согледувајќи го геополитичкото и општествено-економско значење на словенскиот свет во глобална смисла и во немоќта да ги совлада со сила, пристапило кон нивна христијанизација. Извршители на оваа огромна задача на покрстување на Словените биле браќата од Македонија Кирил и Методиј од Tesalonike (Солун). Овој стар македонски град, утврден во 315 година п.н.е. од страна на македонскиот крал Касандра од Костур, зет од сестрата на Александар Македонски, опфаќал околу 26 антички македонски населби: Терма, Кисос, Аполонија и други.
Солунските браќа Кирил и Методиј, потомци на античките Македонци Филип II и Александар III Македонски, станале апостоли на христијанизирањето на Словените на Балканот, Централна Ецропа и Хазар во Русија. Како Македонци биле полиглоти, го зборувале македонскиот јазик на своите предци и словенскиот јазик. За ова сведочи и нивниот пријател, царот на ИРЦ Михаил III (842-867) кога рекол: „… вие сте солунчани, а сите солунчани зборуваат словенски“.
Бидејќи го нашле и го составиле словенското писмо на старословенски јазик, јазик на сите македонски племиња кои живееле околу Солун (Драговити), тие ги превеле сите битни црковни дела. Нивната мисија на христијанизирање и просвета ја продолжиле нивните ученици, Македонците Климент и Наум, со што започнала ерата на словенската писменост, културата и воопшто книжевноста, што претставува духовно наследство на Словените и придонес на Македонија во светската цивилизација.
Како што достојните синови на античка Македонија, Александар Македонски со својот меч и Аристотел со својот дух, а пред нив митолошкиот Орфеј со својата песна, го освоиле античкиот свет на југоисток, така по 1 300 години, новата генерација на мултиетничка Македонија, Св. Кирил и Методиј; Св. Климент и Св. Наум, со своите духовни дела, го обогатиле христијанскиот свет. Тие ги вовеле Словените во големите нации на современиот свет. Во знак на благодарност за се што придонеле за човештвото, Солунските браќа, христијански апостоли, прогласени се за заштитници на Европа. Нивните ученици, Св. Климент, прв словенски епископ, и Св. Наум и останатите од групата Седмомисленици (ја сочинувале: Кирил и Методиј, Климент и Наум, Горазд, Алгелариј, Сава), прогласени се за светци. Тие биле пионери во ширењето на христијанството и словенската богослужба, писменоста и книжевноста во Македонија, Србија, Бугарија, Влашко, Мoлдавија, Украина и Русија. Благодарејќи на нивните дела сочувани се словенските традиции на народите и спасен е нивниот словен-ски идентитет.
Во формирањето и зачувувањето на колективната словенска свест во Македонија влијаеле многу фактори. Пред сè компактноста и популациската мајоризација на Словените. Потоа, создавањето на самостојната Самоилова словенска држава, Охридската книжевна школа (всушност, прв универзитет во Европа, а нејзин дел била книжевната школа) и словенската епископија, како и патријархалното достоинство. Понатаму, обновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија (која во тоа време имала 23 епархии) и успешното обликување на словенската азбука и книжевност на територијата на Македонија.
Во наредните векови на обликувањето на христијанството во ИРЦ, еден мал дел од Македонија, Света Гора Атонска, како и во праисторијата Пиерија (Света Гора) со Олимп, уште во IX век официјалната монашка држава, заради своето културно и духовно наследство, станала светилник на православието. Таа тоа го прави и денес.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН



