Собранието ќе расправа за иницијативата на Палевски за референдум за договорот со Бугарија

Date:

На 15 ноември партијата Десна, чиј претседател е Љупчо Палевски, до Собранието на Македонија поднесе граѓанска иницијатива за распишување на референдум на државно ниво по предлог на најмалку 150.000 граѓани за или против договорот на Македонија со Бугарија од 1 август 2017 година. Собраниската расправа за оваа иницијатива веќе е закажана за 22 декември.

За иницијативата на 17 ноември мислење дале Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија и дале негативно мислење со оценка дека иницијативата не била уредна. Граѓанската иницијатива на Љупчо Палевски потпишана од 100 македонски државјани е неуредна затоа што договорот содржан во прашањето е непрецизен, сметаат членовите на двете собраниски комисии. „Имено, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 15 јануари 2018 година, донесе Закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, а прашањето за кое се предлага распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво за целата територија на Македонија гласи: Дали сте за Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017 година?“, пишува во мислењето од двете комисии.

о

Десетина дена по поднесувањето на иницијатива, според македонското обвинителство, Палевски извршил двојно убиство,

Љупчо Палевски е во екстрадициски притвор во Турција како осомничен дека ги извршил убиствата на 77-годишниот велешанец Панче Жежовски и 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска. На иницијативата за референдум на Палевски се потпишани Велибор Манев и Боре Видевски, кои се во притвор, осомничени дека биле соучесници во убиствата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...