Изабел Варди имала среќа кога снимила огнена топка на небото над Карамар во Австралија, односно метеор кој светнал вчера над главите на луѓето кои живеат во тој дел од „земјата на кенгурите“.
Објавувајќи видео на нејзиниот профил на TikTok, таа го опиша моментот како „искуство еднаш во животот“,пренесува „CTV News“.
Опсерваторијата Перт, исто така, сподели снимка, потврдувајќи дека метеорот е виден во југозападна Австралија.
Освен Варди, и други луѓе го снимиле метеорот.
Без разлика на сѐ, како по некое непишано правило, на социјалните мрежи веднаш се огласија бројни теоретичари на заговор, според кои не станува збор за метеор, туку за ѓубре кое паднало на Земјата од вселената, авион, хеликоптер, па дури и неидентификуван летечки објект.
Снимката на метеор на набото над Австралија ги разгоре теориите на заговор
Date: