Снаата на Род Стјуарт ги објави првите фотографии од церемонијата во Дубровник

Date:

Никол Артуковиќ, Американка со хрватски корени и Лиам Стјуарт, син на легендарниот музичар Род Стјуарт, се венчаа минатиот викенд во Дубровник. Нивната венчавка ја пренесоа бројни регионални и странски медиуми.

Сега Никол на својот инстаграм-профил сподели фотографии од венчавката.

„Г-дин и г-ѓа Стјуарт. Нашата свадба од бајките, сега живееме среќно до крајот на животот“, напишала Никол покрај фотографиите и им се заблагодарила на сите кои учествувале во организацијата на венчавката.

Целото нивно семејство пристигна во Хрватска, вклучувајќи ги Род, неговата поранешна сопруга Рејчел Хантер и сегашната сопруга Пени Ланкастер.

Парот се венча во дубровничката црква Св. Игнатиј кај Језуитите, а забавата била организирана во тврдината Ловриенац.

„Неверојатно сум горд што бев на прекрасната свадба на мојот син Лиам и неговата невеста Никол“, напиша Род Стјуарт на социјалните мрежи и додаде:

„Колку убава заедница на Стјуарт и Артуковиќ! Нека продолжат заедно да ја наоѓаат среќата, љубовта и смеата додека се живи и нека прават уште бебиња да му се придружат на нивниот едногодишен син Луи.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...