Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш „светски првак во возење велосипед низ Македонија “

Date:

Словачкиот амбасадор во Република Македонија, Хенрик Маркуш е еден од ретките, можеби и единствениот кој околу 80 проценти ја има поминато нашата држава на велосипед. Неговите подвизи ги има регистрирано на 250 до 300 „релив” видеа кои ја опфаќаат секоја една педа земја во државата, на која стапнал со своето омилено „превозно” средство, притоа промовирајќи ги најзначајните нејзини културно-историски знаменитости.

Изминатиот викенд тој имаше велосипедски тури низ Пијанечкиот регион, по чие завршување, по втор пат реши за МИА да ги сподели своите искуства од оваа негова спортско-авантуристичка амбасадорска мисија.

Моите подвизи се многу едноставни, јас ја имам извозено Македонија околу 80 проценти, што се однесува за општините можеби 100 посто. Имам план цела Македонија да ја извозам со велосипед и секогаш одам на некое место каде не сум бил. На голема среќа Делчево има многу места каде може да се вози. Конкретно во Делчево и Македонска Каменица пред две недели бевме во Саса и тој дел, потоа продолживме кон Габрово и бугарска граница. Вчера, исто така во каменичко бевме на манастирот кај Цера, а денес на големо изненадување бевме на место кое Македонците можеби и не го знаат, тоа е тврдината Градиште над делчевското село Град и на многу убавото палеонтолошко место во село Стамер, каде во минатото живееле мастодонти, жирафи кои биле тука пред неколку милиони години, за жал сега ги нема тие животни таму, туку видовме само слики, раскажува Маркуш.

Вели дека со право се идентификува како светски шампион во една дисциплина, а тоа е возење со велосипед низ Македонија.

– За мене е феноменално што на тој начин, што е можеби битно за луѓето овде, јас се обидам преку овие мои видеа да ги привлечам луѓето од Словачка и други земји и да им покажам овие убавини. Од овие пет и пол години имам 250 до 300 кратки ,,релив” видеа, знаете тоа е онаа апликација која прави видео во должина од околу две минути на кое гледате слики каде возите со сите попатни траси и за мене тоа е феноменално, дополни Маркуш.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...