Канадскиот пејач Шон Мендес (25) неодамна беше фотографиран во друштво на Чарли Траверс (37), позната по учествата во реалните шоуа, на плажа во Малибу, нешто што ги поттикна гласините за нивната наводна романса.
Според фотографиите, кои се проширија на социјалните медиуми, двојката уживала во заедничките моменти на плажа, каде биле по долна облека, која овој пат послужила како костими за капење. Исто така, многумина се воодушевени од згодното тело на Траверс.
Странските медиуми веднаш стапиле во контакт со претставниците на Мендес, но сѐ уште немаат потврда од нивна страна за оваа романса.
Како потсетување, Мендес во април беше снимен како страсно се бакнува со неговата поранешна девојка Камила Кабејо, со која раскина во ноември 2021 година. Во меѓувреме, пејачот беше поврзуван со и со лекарката Џоселин Миранда, која е 27 години постара од него, но тие никогаш не ја потврдија нивната врска.