Славниот модел Лони Вилсон поради семејно насилство денес е бездомничка

Date:

Познатата приказна за трагичниот крај на холивудскиот сон и се случи и на познатата манекенка Лони Вилисон (40). Пред десет години Вилсон на јавноста и беше позната како секси модел кој ја започна својата кариера со улогата во филмот „Expose“ во 2005 година.

Кариерата ја продолжила како модел, а најмногу работела како модел за костими за капење и спортска облека. Во 2012 година се омажила за актерот Џереми Џексон (43), кој многумина го паметат по улогата во серијата „Спасувачка служба“.

Нивната среќа не траела долго. Две години подоцна, полицијата интервенирала поради наводно семејно насилство. Лони тврдеше дека нејзиниот сопруг ја удрил во напад на бес и ја задавил при што и скршил две ребра.

Лони не поднела тужба против поранешниот сопруг, а набргу потоа раскинале. Од таа година во 2014 година, нејзиниот претходен начин на живот тргнал надолу.

Таа тогаш за Дејли Мејл раскажала за нејзината состојба и открила дека е во процес на закрепнување.

„Морав да ја напуштам работата како асистент на пластичен хирург. Не можев ни да работам како модел. Не излегував со другарките, бев на многу лошо место“, изјавила таа.

Истата година, поранешната манекенка за „Сан“ откри зошто нејзиниот сопруг не го пријавила за нападот.

„Не го пријавив кога ме нападна бидејќи се плашев. Бев емотивно во многу лоша состојба и не сакав Џереми да заврши во затвор“, изјавила таа.

Состојбата на Лони брзо се влошила по раскинувањето, а одлучувачка година за нејзиниот целосен распад била 2016 година.

По раскинувањето почнале нејзините психички проблеми, а доживеала и нервен слом. Манекенката повеќе не можела да работи, па почнале нејзините финансиски проблеми. Поради нив во 2016 година била исфрлена од станот во Западен Холивуд и го започнала својот уличен живот.

„Постојано ме ограбуваа. Луѓето ги крадат моите работи. Се трудам постојано да бидам многу валкана за некој да не ме нападне. Колку сум повалкана, толку подобро. Тие две работи изгледа помагаат. Ја потстрижав косата за да изгледам поинаку. Сама си ја пресеков“, изјавила таа за Дејли Меил.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПОЧЕТОК НА БИТКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО МАЛА АЗИЈА (48)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Северина и нејзиниот син се дружеа со Новак Ѓоковиќ, таа се пофали со фотографијата

Северина летниот одмор со синот Александар го помина на...

Српска актерка тврди дека Бред Пит и’ се додворувал: „Не одговорив на пораката“

Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака,...

Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj...