Големата музичка ѕвезда Доли Партон, неодамна за магазинот „Сага“ призна дека не жали што никогаш немала деца. Пејачката рече и дека не гледа дека светот напредува, што и дава дополнителна удобност во нејзината одлука од младоста.
„Кога сте млад пар, мислите дека ќе имате деца, но тоа едноставно не беше една од оние актуелни работи за мене. Ја имав мојата кариера, мојата музика и многу патував. Ако имав деца, сигурна сум дека би останала дома со нив и постојано би се грижела за нив“, рече таа.
Доли истакна дека воопшто не жали што нема деца, особено поради моменталната ситуација во светот.
„Среќна сум што никогаш не сум имала деца. До смрт се грижам за моите мали внуци. Јас и мојот сопруг едноставно се замислуваме како деца. Тој е моето единствено дете, а јас сум негово дете“, додала таа.
Инаку, 77-годишната кантри-пејачка е во среќен и „отворен“ брак со Карл Томас Дин уште од 1966 година. Таа имала само 18 години кога го запознала 21-годишниот Карл.