Полициската управа на Лос Анџелес ја уапсила поранешната тинејџерска ѕвезда Аманда Бајнс и ја одвела на проценка на менталното здравје во сабота утрината, наведува ТМЗ.
Извор од полицијата открил дека тие пристигнале на лице место откако добиле повик за женско лице, кое било „манијакално и неприсебно“. ТМЗ ја идентификувале жената како Бајнс, иако сè уште нема официјална потврда дека тоа навистина била таа.
Во полициската станица, професионална медицинска единица, наводно ќе утврди дали на Бајнс ѝ треба понатамошно лекување.
Очевидци изјавиле за ТМЗ дека актерката била „смирена за време на интеракцијата со полицајците“ и „изгледала потонато додека ја одведувале.“
Ова е вторпат во последниве неколку месеци да ескалираат проблемите со менталното здравје на Бајнс. Во март била ставена во психијатриски притвор откако била пронајдена како талка гола по улиците.
Очевидец тогаш рекол дека на познатата холивудска ѕвезда, на која претходно ѝ било дијагностицирано биполарно нарушување, влегла во такси-возило без никаква облека и му кажала на возачот дека има психијатриска епизода.

Бајнс тогаш, наводно, сама повикала 911 и била одведена во најблиската полициска станица, каде што експерт за ментално здравје утврдил дека треба да биде под надзор.
Поранешниот свршеник на актерката, Пол Мајкл, ексклузивно за Page Six изјавил за некогашната партнерка дека таа прекинала да зема лекови и дека сè уште е без лекови, додавајќи: „Таа подивее“.

Иако психијатриското задржување обично трае 72 часа, престојот на Бајнс, наводно, бил продолжен. Бајнс била пуштена од установата за ментално здравје повеќе од три недели откако била притворена.
Се очекувало дека Аманда ќе почне со болничкото лекување во април, но останала во својот дом за да ја задржи својата независност.

Додека се чинело дека Аманда ѝ се вратила на својата редовна рутина – вклучувајќи и правење маникир (со што се занимава откако се откажала од Холивуд) – извори блиски на актерката откриле дека живее сама во својот стан и дека немала голем систем за поддршка во својот живот.
Друг анонимен извор, пак, додал дека поранешната тинејџерска ѕвезда била во добри односи со своето семејство и одржувала комуникација со браќата, сестрите и родителите, со кои се гледала одвреме-навреме.

Извори исто така тврделе дека во тој период Бајнс добро се однесувала на болничките третмани и за време на посетите на терапевтите, како и дека претходно ги земала лековите навреме, иако за тоа главно бил задолжен нејзиниот поранешен свршеник.
Бајнс, која исто така се борела со злоупотреба на супстанции, била ослободена од осумгодишен надзор во март 2022 година.