Славистот Виктор Фридман светски промотор на Македонија – добитник на Светската награда на хуманизмот

Date:

Професор д-р Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, САД, еден од најголемите американски и светски слависти е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Свеченото доделување на наградата се одржа на 9 август во куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.

Пригодни беседи за Фридман одржаа претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој му ја врачи наградата на добитникот, во присуство меѓународна асемблеја од гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО.

Академик Фридман е седумнаесетти добитник, по ред, на ова признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците: Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги на тој начин, изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во рамките на овој свечен настан, се одржа и Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, на која меѓу другите, учествуваат и Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од „Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност, амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија.

Како што соопштија организаротие, со овој настан се инаугурира и проектот за поставување на спомен-обележјето „Охрид Центар на Светскиот Хуманизам” за кое Советот на Општина Охрид донесе одлука да биде поставено во просторот Долна Порта, како единствено такво обележје во светот.

Идејата е на добитникот на Светската награда на хуманизмот, Светлин Русев од 2014 година, кој предложи пред Интернационалното жири на Охридската Академија на Хуманизмот, да се подигне ваков тип на обележје во Охрид, градот на УНЕСКО.

Светлин Русев почина во 2017 година, додека Охридската Академија на Хуманизмот се обрати до Жарко Башески, еден од најголемите скуптори во македонската современа уметност, кој го изработи спомен-обележјето како свој авторски проект.

Неговите дела се присутни во над 50 музеи на модерната уметност низ цела планета.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...

„Сапорт Кочани“ ја подели четвртата пратка компресивна облека, вредна 7.500 евра

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ продолжува со поддршката за повредените...

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците...

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека...