Скот Дисик, поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан, ги загрижи фановите со својот изглед, а извор сега открил за што станува збор.
Имено, тој за „Daily Mail“ изјавил дека на Скот му било особено тешко раскинувањето со Кортни, па почнал да се споредува со нејзиниот сопруг Тревис Баркер.

Со оглед на тоа дека имал вишок килограми, решил што побрзо да ослабе, па тоа го направил со помош на „оземпик“, лек за дијабетес кој многу познати личности го користат за слабеење. Изворот додал дека Скот порано бил зависник од дрога, но поради децата се откажал од тој начин на живот.
„Тој многу ги сака своите деца и не би сакал да го уништи односот што го има со нив. Се разбира, Кортни е загрижена бидејќи тој е татко на нејзините деца. Откако беа објавени овие фотографии, луѓето блиски до Скот сфатија колку е страшна ситуацијата“, вели изворот.

Тој исто така навел дека физичката трансформација на Скот многу веројатно ќе биде тема во една од претстојните епизоди на шоуто „The Kardashians“.
Социјалните мрежи се преплавени со коментари од загрижените фанови.
„Се надевам дека си свесен за тоа колку оземпикот влијае на твоето здравје“, „Тој целосно се промени откако го остави Кортни“, „Ти посакувам брзо закрепнување“, се некои од нив.


