Скопје е осми светски град по загаденост, воздухот е на граница на многу нездрав за дишење

Date:

Со индекс на загаденост на воздухот од 173, Скопје денеска е на осмото место во светот на поголемите градови во кои се мери квалитетот на воздухот. Од другите градови во регионот Загреб е на 12. место, Белград на 14., Сараево е на 19. место. Најчист воздух од поголемите градови во регионот се дише во Приштина, која е на 27. место на ранг листата на Ајкју-ер.

Според податоците на Ајкју-ер, концентрацијата на ПМ 2,5 честичките е 99 милиграми на кубен метар и е за скоро 20 пати поголема од годишната вредност на Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).

Концентрацијата на МП 10 честичките е 132,7 милиграми на кубен метар.

На ниво на цела општина, денеска од скопските општини најзагадена е Ѓорче Петров со индекс на загаденост 162. Со троцифрен индекс на загаденост на воздухот се уште и Гостивар и Велес со 157 и Струмица со 124. По нив следуваат Кочани, Кавадарци, Битола и Маврово Ростуше со 82, 78, 53 и 25 индекс на загаденост на воздухот.

Што се однесува на скопските населби денеска најзагадено е во Лисиче со 183 индекс на загаденост на воздухот по што следуваат Центар и Карпош со 173, Ректорат 161 и Гази Баба со 159 индекс на загаденост.

За заштита од загадениот воздух од Ајкју-ер препорачуваат носење маски на отворен простор, користење на прочистувачи на воздух во затворени простории, загадениот воздух да влегува дома, како и избегнување на физички активности на отворено.

За претстојниот викенд се очекува утре воздухот да биде нездрав за дишење за хронично болните, недела да биде умерено загадено, а од понеделник се очекува воздухот да биде добар за дишење.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...