Скопјанец остана без работа, поради пасошот – го враќаат од Австралија

Date:

Виктор Настески (44) од Скопје кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, останал без договор за вработување оти имал невалиден пасош. Ова го сподели самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека неговата компанија е зачудена како ова може да се случи.

Епа другари и другарки толку беше. Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја. И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор! Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”! Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат! Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде! Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер! Мојот работодавец со огромни финансиски загуби! Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени! Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега! И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома! Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист! Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат!“, пишува Настески.

Тој ја прашува власта, далие. свесна каква штета предизвикува на граѓаните и на круз компаниите, како и на сите работници.

„Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте! Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото! Ја не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ! И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор! Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто! Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство! А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки!“, додава тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Строгите правила што Амал Клуни ги воведе во семејството

Амал Клуни вели дека вовела строги правила дома за...

Рис Витерспун се бакнува страсно со новиот дечко

По два пропаднати брака, актерката Рис Витерспун ужива во...

СОФИЈА ВЕРГАРА ДОБИ СТАТУА ОД 7,5 МЕТРИ ВО РОДНИОТ ГРАД

Градот Баранкила во Колумбија сакаше спектакуларно да го прослави...

Објавени се номинациите за Еми за 2025 година, една серија се издвои

Американската академија за телевизиски уметности и науки го објави...