Битолскиот Совет ги разреши сите членовите на училишниот одбор во Техничкото училиште во Битола и назначи нови, по сторијата на Телма дека дете со ретка болест е испишано од прва година во насоката техничар за моторни возила.
Согласно законот, статутот и деловникот најмалку што можеме да направиме е да ги разрешиме членовите на училиштниот одбор кои што ништо не презеле, едносавно се премолчувале, рече Бореч Корлевски советник.
Наместо ова училиште да биде пример за лицата од ранлива категорија кои се школуваат овде, тие вршат нивна дикриминација. Повторно бараме градоначалникот да ја разреши Жанета Сервини од функција директор, рече Горан Велевски, советник од Левица.
Од детската амбасада Меѓаши денеска побараа надлежните институции да постапат согласно своите ингеренции, а од ДПИ потврдија дека анонимната претставка, испратена до медиумите, стигнала и до нив и веќе е издаден налог за надзор во училиштетот. Раководтсвото на Техничкото училиште ги демантираше наводите од анонимната писмо и рекоа дека мајката била повикана за да ја информираат за начинот на изведување на наставата за да биде заштитено нејзиното дете кое е од ранлива категорија. Тврдат дека по разговорот таа одлучила да ги подигне документите за што потпишала и изјава. Мајката на детето со ретка болест кое е испишано од Техничкото училиште не сака да го коментира случајот.
Раководниот тим на училиштето ги отфрли обинувања за наводна дискиминација кон новозапишан ученик од ранлива категорија. Се огласија преку писмено соопштение дека мајката била повикана на разговор за љубезно да се информира за начинот на реализација на практичната настава и за феријалната пракса со цел да биде заштитено нејзиното дете. По ова, таа одлучила да ги подигне документите за што имаат и записник, а стојат на располагање повторно да го запишат ученикот доколку одличи да учи во Техничкото. Ги демантираат сите претходни обвинувања кон раководниот тим, па и она за носење ученици во Бугарија како тенденциозни и невистинити.
СКАНДАЛ: Дете со џуџест раст било испишано од прва година во училиште во Битола
Date: