Политичките партии и поединци реагираа и го осудуваат сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на прославата за Денот на албанското знаме.
„Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ.
„За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда.
„Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност.
Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница.
По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса?
Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш“, вели Димитриевски.
ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден.
„Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот.
Kриминалните банди кои 20 години ги ограбија институциите и сите граѓани независно од етничката припадност, денес со овој однос покажаа дека за нив националните знамиња не се ништо друго освен обвивка со која мислат дека ќе избегнат кривична одговорност.
Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврда за нивниот страв.
Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.