Скандалозно: Куќата му изгоре во пожар, а од државата доби оштета помала од 50 евра

Date:

„Да не беше трагично, ќе беше комично – вака кочанчанецот Диме Атанасовски ја коментира сумата со која државата му ја надокнади штетата од големиот пожар кој на 2 август 2021 година го зафати Кочани. За опожарувањето на неговата куќа, по две и пол години конечно на сметка му се префрлени 2.750 денари. Толку општина Кочани исплатила, а пресметката ја направила Владата.

„Не знае човек дали да се смее или да плаче! 2.750 денари за уништен кров и цел спрат на куќа. Иако тогашниот премиер и градоначалникот веднаш беа на терен и рекоа дека целокупната штета ќе биде подмирена од страна на државата, општината и институциите, сепак еве две и пол години после тоа добивме 2.750 денари„ изјави Диме Атанасовски.

По пожарот во Кочани, Атанасовски се поплавиле, но во Швајцарија каде долги години живеат и работат. Ако во сопствената држава чекал повеќе од две години за оштета, во Швајцарија го обештетиле за неполна недела. За поплавените подрумски простории и поради тоа што надлежните не интервенирале со време,на сметката му легнале околу 1600 евра. Со ваквиот чин државата покажува колку граѓаните се во нејзиниот фокус, коментира Атанасовски.

„Работите во странство функционират на многу поинаков начин за разлика од Македонија. Додека живеев во Македонија, не знам какво е чувството на нашите сограѓани, но јас немав чувство дека државата се грижи за народот. Повеќе се грижат за своите политики, отколкку за народот„ коментира Атанасовски.

Во време на огнената стихија во куќата биле само неговата мајка и керќа. Иако оттогаш се поминати повеќе од две години Атанасовски се уште јасно се сеќава на секој збор кој како утеха телефонски и го кажувал на својата керќа, но и на фактот дека навремено не било интервенирано во гасењето на пламените јазици.

„И реков на ќерка ми да ја земе баба и веднаш да излезат. Само 3-4 минути откако излегле куќата пламнала и почнала да гори. Се собрале сите соседи и добронамеерни луѓе кои помагале, меѓутоа чекале да дојде некое возило од ППЕ или комуналното претпријатие„ изјави Атанасовски

Пред две и пол години Кочани го зафати голем шумски пожар, а пламените јазици од три страни го обиколија градот. За среќа немаше жртви, само матрејална штета. Тогаш општинската комисија штетите предизвикани од пожарот ги процени во висина од 1.700.000 денари, но Владата на општинската смертка за сите пријавени штети префрли само 80.000 денари, пренесува ТВ Алфа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...