Сиљановска очекува ЕУ да ја почитува националната гордост на македонските граѓани

Date:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му рекла на белгискиот премиер Александер де Кро дека „очекувањето од македонска страна за фер процес на пристапување во ЕУ кој ќе ја почитува националната гордост на нашите граѓани и ќе се води на начин што длабоко не го вознемирува нивното чувство за национален идентитет“. Тие двајцата учествуваат Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, Азербејџан.

Таа во исто време, според соопштението од нејзиниот кабинет, нагласила дека отворањето на преговорите со ЕУ ќе ги мобилизира институциите и ќе се стави фокус на реформите, а особено на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Белгискиот премиер Де Кро истакнал дека нашата држава може да смета на силна белгиска поддршка, затоа што земјата направила огромен напредок и сега на ред е Европската Унија да стори нешто.

Сиљановска во Баку се сретна и со словачкиот претседател Петер Пелегрини. Тој на средбата оценил дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, нагласувајќи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.

Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...