Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Date:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја отпатува за Софија што ќе биде нејзина прва официјална посета по стапувањето на функцијата на 12 мај.

Информацијата за посетата денеска (10 август) ја потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој заедно со министерот за култура, Зоран Љутков, ќе бидат дел од делегацијата што ќе ја предводи претседателката.

Дел од македонските и бугарските медиуми објавија дека тогаш ќе се одржи и првата средба помеѓу Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега официјална потврда нема.

„Сè уште сме во договарање на деталите околу форматот на средбите, но секако кога ќе имаме и ние конечна информација и вие како медиуми ќе бидеме информации за тоа“, изјави Муцунски.

Засега, и од кабинетот на Сиљановска-Давкова нема потврда дали ќе има средба со Радев.

Бугарските медиуми претходно информираа дека претседателката ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, во изведба на Националната опера и балет.

Муцунски вели дека ваквата посета доаѓа во период кога помеѓу Софија и Скопје има непотребна тензија.

„Ова е посета наменета кон афирмација на меѓусебните релации, користењето на културната дипломатија како алатка за подобро разбирање меѓу двете држави во период кога постои една непотребна тензија во билатералните односи. Треба да најдеме начин за нормализација бидејќи тоа е во интерес и на трговијата и економијата и на политичката соработка. Така што, го сметам тоа како еден афирмативен гест од страна на претседателката и од страна на Владата“, рече Муцунски.

Сиљановска-Давкова и Радев по повод одбележувањето на „Св.Кирил и Методиј“ во мај беа во Рим, но таму не одржаа средба.

Односите меѓу двете земји се заладени во последниот период. На крајот на август, Бугарија ја повика македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска, на разговор поради изјава на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој меѓу другото, рече дека во Бугарија се „толку нефункционални што не можат ни избори да закажат“ и оти нема намера да одговара на изјави на „политички маргиналци“.

Неговата изјава дојде откако претходно од македонска страна неколку пати беше посочено дека со оглед на тоа што Бугарија ја води техничка влада без политички легитимитет, нема со кого да се комуницира од таа страна, на што бугарското Министерство за надворешни работи одговори дека Софија останува отворена за дијалог без разлика каква влада ја води, но и дека нема простор за репреговарање на обврските што ги презело Скопје, пренесува Радио Слободна Европа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...