Сиљановска Давкова: Не мислам дека сум посебна, но она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин

Date:

Сиљановска Давкова изрази благодарност за демократското однесување и капацитетот до медиумите, коалициските партнери, жените, но и до нејзините противкандидати, за кои кажа дека и во единствената дебата и во изјавите во текот на кампањата не го пречекориле нивото на пристојност.

„Горда сум со граѓаните, не само со оние што гласаа за мене, туку и со другите, а особено сум горда со членовите на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката. Без нив немаше да го запознаам народот, ниту тој мене. Горда сум со мојот тим, постојано беа со мене, горда сум и со учесниците во изборната трка и посебно со коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Посебно сум горда со жените во Македонија, мислам дека е време на идентификација на жена со жена без оглед на која идеологија и политичка партија ѝ припаѓаат. Жените беа моја инспирација и јас нивна“, изјави Сиљановска Давкова.

Таа кажа дека ова е почеток на ново време и повторно повика на владеење на правото, но и на „насушната потреба за обединување“. Затоа, вети таа, секојдневно ќе соработува со Владата, Собранието, со сите партии, невладиниот сектор, со медиумите. Дополни дека треба, како што рече, граѓаните да се инспирираат дека вреди да се учествува на избори.

„Јасно ми е дека резултатот е инспиративен. Не мислам дека сум посебна, туку знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин. Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот круг, јас ќе се однесувам и во вториот круг кон оној со кој ќе треба да се натпреварувам, со должна почит. Се разбира, очекувам ист таков однос. Не мислам дека треба да фрлиме сенка кон она што се случуваше денеска, треба да ги инспирираме граѓаните, да ги увериме дека вреди да се учествува на избори, да се чуе дека сум горда, особено со граѓаните, а без граѓани нема горда Македонија“, рече Сиљановска Давкова.

Таа порача дека мора да се сплоти „сето она што навистина ѝ посакува добро на Македонија и да не останеме само во македонски рамки, туку да делуваме регионално, да си помагаме и да ги користиме сите форми на соработка“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...